ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА 80 ГОДИНИ БИТОЛСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

„Свадбата на Мара“,„ Црна дупка“, „Подземна република“,  се едни од култните претстави кои битолскииот театар го вивнаа во висините на големите театарски светски имиња – е заедничката констатација по промоцијата на најновата монографија „80 години битолски народен театар“ од проф.Д-р Иван Додовски.

Монографијата е богато илустрирано издание што ја бележи историјата на растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024 година. Напишана на 310 страници, книгата содржи и прилози за претстави, гостувања, награди, ангажирани режисери, актери, сценографи, костимографи и за сите други творци што оставиле печат во осумдецениското траење на овој театар.  Ова е можеби различо од се досега што сме направиле, рече директорот Васко Мавровски, објаснувајќи дека монографијата посебно внимание посветува на последните дваесеттина години од историјата и е испечатена со бели букви на црна подлога.

Црното во театарот е изврот на силата – публиката е во црно, а вистинската театарска фотографија е црно-бела, рече проф. д-р Мишел Павловски. Оваа публикација е значајно сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија.

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското научно друштво Битола пак како промотор најпрвин потсети на деконструктивизмот со кој функционираат театрите  – театарот не го премолчува тоа што го мисли.

Изработкиата на монографијата за авторот претставувала лично потсетување на детството кога со својот татко Владо Додовски од најмала возраст го впивал и мирисот и прашината на театарската сцена. Битолскиот театар покажа дека расти благодарение на режисери и актери кои не се плашат да експериментираат. Вели, театарот ја бара смислата на животот, ако треба ќе се слеле и гол.

Промоцијата беше збогатена со видеосеќавања на многу од скоро или малку поодамна пензионирани членови на режисерксата , актерската и членови на администрациајта.

Според тимот за односи со јавност на Театарот, „во осумте децении постоење, во Битолскиот театар биле поставени вкупно 569 премиери, со вкупно 11.670 изведби, кои ги виделе околу 3,2 милиони гледачи. На битолската сцена досега работеле 135 режисери од кои 77 се македонски режисери, а гостувале 58 режисери од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Романија, САД и од други земји. Деценијата од 1985 до 1994 година може да се нарече златен период на Народниот театар во Битола. Апсолутен рекорд е поставен во 1992 година кога биле прикажани 226 изведби за 84.645 гледачи! Рецензенти на ова монографско издание се проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Мишел Павловски, уредници се Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лектор Жаклина Атанасова, а во прибирањето на податоците и во подготовката како стручен тим од Народиот театар во Битола учествуваа: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ и Владимир Переловски. Дизајнот на монографијата е на Сергеј Светозарев, а ја отпечати Графопром – Битола. Публикацијата содржи богата збирка фотографии од архивот на НТБ.

Иван Додовски е редовен професор по критичка теорија, компаративна литература и културологија на Универзитетот Американ колеџ Скопје.