Најновата композиција на Никола Мицевски е со наслов „5“. Се работи за дело кое е дел од албумот „New Era“, албум кој беше промовиран и пред битолската публика.
Музиката, оркестрацијата и постпродукцијата се на Мицевски, видеото на Зага продукција, стајлинг Андреј Папаз Ѓоргиевски, сценографија Валентин Светозарев.

Како дел од бендот се: Зоран Костадиновски, Иван Бејков, Благоја Антовски, Владимир Крстев, Елена Талевска, Ени Вучидолова, Емил Чичоновски, Петар Христов, Дејан Теодосиевски, Полина Тасева, Билјана Смилевска, Бранко Илиевски, Зоран Ристевски, Марина Коруновска и хорот „Коруновска-Арс Нова“.

Проектот „New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти, едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.












