Денеска во просториите на Ректоратот се одржа промоција на Спортскиот универзитетски сојуз формиран за обединување и репрезентирање на спортско-рекреативни активности на студентите, професорите и пошироката заедниcа на локално, нациопнално и меѓународно ниво. На промоцијата уште еднаш се потврди добрата соработка на Универзитетот со Општина Битола и градоначалникот. Во рамки на промоцијата на Петар Заборски, еден од најтрофејните припадници на студентите спортиски од УКЛО му беше врачена благодарница за промоцијата на светската Универзијада кадешто освои златен медал во натпреварите по карате.
Во присуство на спортските здруженија и коосновачи промоцијата на Спортскиот универзитетски сојуз денеска уште еднаш ја потврди политиката на Универзитетот кон проширување и интеграција со заедницата.

„Со формирањето на спортскиот универзитетски сојуз се надминува една празнина во функционирањето на спортот на универзитетите. Тој согласно актите е затворен внатре во самите универзитети преку функционирањето на спортски универзитети е затворен внатре во самите универзитети преку функционирањето на спортски универзитетски центри . Ние минатата година формиравме таков центар . Но, тој центар, којшто е внатрешна организациона единица неможе да се отвори кон заедницата. А Универзитетот нема смисла на своето постоење ако тесно не соработува со заедницата во која финкционира. Затоа одлучивме да формираме спортски универзитетски сојуз со наши партнери спортски здруженија , клубови , асоцијации . Тој е формиран под правната рамка на здружение, но тоа не значи дека тој не е отворен. Сојузот е отворен за соработка со сите спортски клубови, организации , поединци. Фактички Спортскиот универзитетски сојуз заедно со Сојузот на спортови на Битола и во сите градови кадешто делува универзитетот и ќе претставува обединувачка категорија која ќе го канализира масовниот спорт. “- рече ректорот проф. Д-р Игор Неделковски.
Најважно за градот и развојот на универзитетскиот спорт и дуалниот концепт на студирање е што градоначалникот ги поддржува спортските иницијативи и натпревари, а нема законска обврска за тоа рече ректорот Неделковски, препуштајќи ја дискусијата на градоначалникот Тони Коњановски.
„Формирањето на спортскиот универзитетски сојуз е уште една коцка во мозаикот, во градскиот, локалниот мозаик на спортови, здруженија, сојузи кои ги имаме, така што имаме уште еден дел кој го исполнува, можеби како што кажа ректорот, испразнетото место во делот на универзитетскиот спорт. Многу активности во спортот, тука имате и спортски работници и професионалци кои секако ќе ви помогнат во подобрата ваша вклученост и организација , имаат многугодишно искуство. Ја имате целата поддршка од локалната самоуправа , вече тоа е направено. И се надевам дека заедно ќе грабиме кон нови успеси, победи, нови активности, се со цел Битола и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе си го добијат вистинското место што го заслужуваат во рамките и на Македонија и пошироко во светот. “ – рече градоначалникот д-р Тони Коњановски.
Градоначалникот денеска информираше и за инфраструктурнитепроекти за спортски објекти кои ги работи Општината – спротски комплекс, велосипедски патеки, зборуваше и за лидерството кое што произлегува од Универзитетот. Овој Сојуз ќе овозможи омасовување на спортот на Универзитетот и во градовите кадешто се единиците на оваа високообразовна установа.

Без масовно учество нема врвни резултати, врвни резултати нема без позитивен пример, рече ректорот Неделковски врачувајќи му на Петар Заборски признание за неговите врвни резултати. Заборски на годинепната светска Универзијата освои златен медал во карате.
Соузот ќе работи во два сегменти, беше кажано на денешната средба на универзитетски и градски спортски активисти и работници. Логистика и спортските натпревари.
Инаку промоцијата на Сојузот се реализира една недела по одбележувањето на Меѓународниот ден на универзитетски спорт. Годинава светот става акцент на двојната кариера како основа за личен и општествен развој на денешните студенти -спортисти, а утрешни двигатели на општесствата. Во годината на летната Олимпијада интересен е фактот што 35 од учесниците кои се стекнаа со медаљи, се актуелни студенти кои се квалификувале за оваа светска спортска манифестација преку Универзијадите.












