ТЕРА

REKLAMA???

ПРОСЛАВА ЗА 60 ГОДИНИ ОД МАТУРИРАЊЕТО

60 години од матурирањето на матурантите од учителската школа „Браќа Миладивци“ Битола, матуранти од учебната 1961/62.  

Оваа генерација е 16-та по ред почнувајќи од 1946/47. Стручното усовршување за учители, генерацијата го започна во учебната  1958/59 година. Бројот на ученици беше околу 200, распоредени во 6 паралелки.

Во јуни 1962 година дипломирале и се здобиле со звање учители 149. Учителот сега во пензија Димче ни раскажа дека оваа генерација основните педагошко-психолоки знаење ги добиваше од големите авторитети, професорите Стево Ковачевски, кој беше директор, потоа професорите Борче Павловски, Нове Михајловски, Лазо Каровски, Димче Стефановски, Борислав Траиковски, Милан Спиридонов и др.

Вели дека учителите матуранти од оваа генерација се едни од најактивните и најдружељубивите во смисла на собирање и реализирање на генерациските средби.

На оваа средба на 60 годишнината од матурирањето присуствуваа 18 од нив. Карактеристично за оваа генерација учители е оа што околу 70 проценти беа жители од другите општини од југозападниот дел на Македонија. Голем број беа од Прилепско, Крушевско, селата од Пелагонија, Мариово, Демир Хисар, Преспа, Охрид. Веднаш по завршувањето во летото 1962 година беа распоредени како учители низ селата на југозападниот дел на Македонија.

Фото и видео: Сашо Ставрев