ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИРАА И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Редовност на исплата на плати, потпишување на Колективниот договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата, како и исплаќање на регрес за годишен одмор. Со вакви барања од надлежните денеска и вработените од Клиничката болница во Битола излегоа на протест.

„Денес се собравме поради нередовноста на исплата на плати ова што се случи, а ние сме најмалку виновни, а се работи за здравствен систем кој е многу суптилен и осетлив и за граѓаните и за вработените во здравство. Бараме редовност на плати, бараме да се почитува колективниот договор и она покачување кое веќе го договоривме со поранешниот министер за здравство во кое ќе се дистанцираат малку групите, затоа што се очекува ново покачување на минималецот што е добро, околу 20.500 денари, меѓутоа тогаш од прва до петта категорија ќе имаме сестра медицинска со средно на која ќе треба да и се доплаќа за да стигне до минималец. Колективниот договор е сега многу дизбалансиран и тоа не е во ред. Сега очекуваме во најскоро време ова покачување, а после тоа кога минималецот ќе се реализира да ги средиме и групите со други додатни средства. Овие протести веројатно ќе продолжат ако не се изрегулираат сите овие дејствија во соодност: Министерство, Фонд и Синдикат за здравство“, изјави др. Симон Силјановски, почесен претседател на Самостојниот синдикат за здравство на Македонија.

Протестот го направија за време на паузата од 10 до 10:30 часот.

„Да, останаа дел од екипите, во интерес на пациентите ја користиме паузата. За итните имаме тријажирано таму каде што треба да се реагира.  Во болницата има персонал кој си ја обавува својата работа за овој половина час“, рече др.Силјановски.

Доколку надлежните немаат слух за нивните барања, најавија радикализирање на протестите.

„Па ќе одиме во радикализам најверојатно со генерални штрајкови, која ќе е многу потешка состојба. Сега засега е вака со една опомена, но револтот е голем“, рече др. Силјановскли.   

Здравствените работници се револтирани и бидејќи им доцнеше јануарската плата поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување.