Синоќа во Битола имаше протест на Широк Сокак, пред објектот каде што сместен францускиот конзулат. Протестот како што беше речено е против францускиот предлог.
Во своето обраќање пред присустните историчарт Ѓорги Чекутков рече дека тој е таму пред се како Македонец кој сака да го заштити македонскиот национален идентитет и како историчар за да каже дека е против, како што вели овај предавнички штетен бугарски договор, кој има за цел да изврши бугарска асимилација врз Македонците.

„Мора да свати Бугарија и цела Европа дека Македонија е македонска и ничија друга, Кирил и Методиј се Македонци, Климент Охридски е Македонец и од Македонија започна целата словенска просветителска христијанска мисија. Големиот македонски Цар Самоил е Македонец тој ја предводел Македонската средновековна држава и војувал и против бугарската и против византиската војска и власт. Големиот македонски великан Гоце Делчев е само Македонец кој се борел за слобода на македонскиот народ и за македонска држава и бил бескомпромисен борец против бугарската, српската и грчка пропаганда. Разловечкото, Кресненското, Илинденското востание се македонски востанија предводени од Македонци и тие се македонска гордост и само македонски востанија и ничии други тоа беа востанија за Независна Македонска држава. Со овај штетен за нас Македонците бугарски договр се бриши во целост нашиот македонски национален идентиет, тоа не смееме да го дозволиме“ рече Чекутков.

„Со овај штетен за нас Македонците бугарски договр се бриши во целост нашиот македонски национален идентиет, тоа не смееме да го дозволиме. Се брише АСНОМ и македонската народносолободителна и антифашистичка борба,а АСНОМ е круната на македонската борба за македонска држава,во секој Македонец треба да живее духот на Методија Андонов Ченто. Не смееме да ја заборавиме Втората светска војна и бугарската фашистичка окупација на Македонија, плејада на македонски партизани се бореа и загинаа во борба со бугарскиот фашистички окупатор. Големите македонски херои и партизани Стив Наумов, Тодор Ангелевски, Кузаман Јосифовски и многу други херјски загинаа во борба со бугарските фашисти за слобода на Македонија“ рече тој.












