Попладнево во Битола се одржа протест од кој се побара ослободување на пејачот Ламбе Алабаковски, кој од синоќа е во осум дневен притвор.
Протестот беше во организација на Левица, која побара отфрлање на кривичната пријава поднесена против Алабаковски, а кон протестот се приклучија и други граѓани на Битола.
„Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајлов“ беше еден од транспарентите на протестот.
„Слобода за Ламбе“, „Европски права за Македонците во Пирин“, пишуваше на транспарентите, а се скандираше „Никогаш северна, само Македонија“, „Уа предавници“.



















