ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Деновиве партијата на Огненовски „Демократи“ организираше протест пред Уставниот суд против драстичното зголемување на функционерските плати кое се движи до 78 отсто. Граѓани се сообраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството бидејќи зголемувањето на платите е овозможено откако овај суд укина два члена од законот за плати и надоместоци на функционери.

„Ние сите добро знаеме како овај наш народ живее, секојдневно граѓание стануваат се посиромашни. За жал не можеме да преживееме и како луѓе сме револтирани од одлуката на уставните судии. Ние како граѓани сме повредени, потценети, понижени, оваа одлука е срамна и чувствуваме дека е грабеж на народниот буџет“, рече меѓудругото претседателот на Демократи Јорго Огненовски.