ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ ПРОТИВ РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

Денеска напладне пред зградата на Општина Битола се одржа протест против изградбата на регионалната депонија во Пелагонија.

Протестот изминатите денови беше најавуван преку социјалните мрежи, а на него денеска транспаренти и пораки „Стоп за депонија”, „Рек + депонија= онкологија”.

На почетокот на неделата се оджа вонредна седница на Советот на Општина Битола на која тема беше депонијата, односно системот за управување со отпад. На редовната седница пак на Советот во средата едногласно беше усвоен заклучок со кој ќе се бара од владата измена на локацијата на оваа регионална депонија.