ТЕРА

REKLAMA???

ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ЗА ЈАВНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНАТА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Игор Јанушев, го потпишаа договорот со кој Општина Битола ќе добие прочистувачи на воздух за јавните објекти на територијата на општината.

Како што соопштија од Општина Битола прочистувачите ќе бидат наменети за објекти од областа на образованието – основни и средни училишта и објекти во кои се згрижуваат деца од предучилишна возраст – детски градинки.

Реализацијата на овој договор е во насока на намалување на последиците од аерозагадувањето.

„Оваа значајна донација за нас е насочена кон обезбедување на подобри услови за најмладите и заедничко справување со аерозагадувањето, кое претставува долгогодишен проблем и за кое неопходен е ваков организиран и системски пристап”, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски по потпишувањето на договорот.