Метежот е постојана состојба на одвивање на сообраќајот во градот. Фактот дека се работи за град со догогодишно постоење, тесни градски улици и двосмерни сообраќајници кои на едната страна од коловозот имаат платен паркинг е дел од проблемите за кои возачите реагираат.

Метежот во последните денови е уште повеќе зголемен на потегот од ул. Солунска кон ул. Партизанска, долж објектите од битолската Болница кадешто се изведува дел од градежните работи поврзани со топловодот. И покрај фактот дека изведувачот својата работа педантно ја реалзира, тесното грло предизвикува нервоза кај возачите. Сообраќајните семафори од понеделникот се поставени подолу, паралелно на излезот од битолската Клиничка Болница. Нервозата кај возачите се зголемува и поради фактот дека работите со сите тешки градежни машини и работници се реализира во време на најголема фреквенција на потегот. Од една страна е небебедно, од друга застојот е уште поголем. Оттука и размислата дека најдобро би било работите да се одвиваат во време кога нема голема френквенција. Попладне или навечер како што тоа се прави во европските и градовите низ светот.

Од ЕСМ „Топификација“ велат дека користењето на семафори и регулацијата на сообраќајот се реализира според одобреното сообраќајно решение од полицијата.
Сообраќајот е природно насочен преку улива АСНОМ ( според мапите на Гугл), кон улицата Народни Херои или втората десно Ружа Делчева, од каде може да се стигне до улицата Васко Карангелевски, односно до кружниот тек што ги поврзува Васко Карангелевски со Партизанска.
И на Васко Карангелевски сеуште има работи кои го стеснуваат грлото, а затворени се и делови од улица Солунска, во делот на крстосницата со ул. Железничка.












