ТЕРА

REKLAMA???

РАСПИШАНИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ПРВИОТ КРУГ НА 19 ОКТОМВРИ

Преседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.

Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври.

Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

„Ве информирам дека во текот на изборната кампања, која започнува дваесет дена пред одржувањето на изборите, Собранието ќе продолжи со редовното административно функционирање, но нема да одржува пленарни седници. Оваа одлука има цел да се избегне злоупотребата на собраниската говорница за изборни цели и да им овозможи на пратениците целосно да се посветат на комуникацијата со граѓаните. Сакам да нагласам дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес. Така, 19 октомври 2025 година претставува важен момент за зајакнување на демократијата, подобрување на благосостојбата на граѓаните и за градење на подобра иднина за сите“ вели претседателот на Собранието.