МВР соопшти дека утрово околу 5 часот лице од Битола пријавило во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, лоциран на ул. „Рузвелтова“ по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола.

Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, стои во соопштението на полицијата.

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејзбук профил го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.

„Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“ вели Ковачевски.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди инцидентот во Битола.

Во МНР претпладнево средбата меѓу шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија.












