ТЕРА

REKLAMA???

РЕАКЦИИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ДОДИК

Командантот на воените сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), генерал-мајор Флориан-Мариан Барбу  изјави дека нема закани за мирот во земјата по првостепената пресуда против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, ги повика сите политичари во БиХ да се воздржат од реторика на провокации и дејствија што создаваат поделби, вклучително и доведување во прашање на уставниот поредок, суверенитетот, целовитоста и територијалниот интегритет на земјата.

Руското министерство предупредува дека поттикнувањето на тензии во БиХ може да ја загрози стабилноста на целиот Балкан и додава дека „одговорноста за ова ќе ја сносат оние што го конструирале антиуставниот процес против Република Српска“.

Парламентот на Република Српска со заклучок ги отфрли и не ги признава одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, а ги прогласи за ништовни сите закони и одлуки на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ, пред сè Високиот судски и обвинителски совет (ВСТС), Обвинителството и Судот на БиХ, како и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА).

Ако Апелацискиот совет на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда со која претседателот на Република Српска, Милорад Додик беше денеска осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател, тој според законите на БиХ нема да може да се кандидира за ниту една јавна функција.

МИА