По вчерашната прес конференција на битолската СДСМ на која беше обвинето раководството за затворање на инфективното одделение во Клиничката боница во Битола, денеска со писмена реакција се огласија од Клиничката болница.
Насловот на нивната реакција, односно како што стои одговор на прес конференција е „Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна“
Во соопштението се вели:
„За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, итоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме“ стои во објаснувањето од клиничката болница, испратено како реакција на прес конференција на СДСМ.












