„Пладневен масакр во Битола“, вака реагира битолската СДСМ за делот зад Пионерскиот дом.
„ДПМНЕ и Коњановски ги исекоа дрвјата позади Пионерскиот дом! Во строгиот центар на градот се уништува зеленило за да се спреми теренот за катна гаража! Граѓаните ниту некој ги праша, ниту ги консултира! Јавна расправа за планот не се одржа и никој освен градоначалникот и неговиот тим не знае што замислила општината во овој дел од Битола“ велат од СДСМ.














