ТЕРА

REKLAMA???

РЕБАЛАНСОТ „БЕТОН“, ВРЕМЕ Е ЗА ТЕМЕЛИТЕ

По битолски кажано нема шо не му помина на Коњановски во Советот. Ребалсот за кој се создаде дилема ќе помини или не, како и секогаш, но сега изборите ја подгреваа тензијата, па викендов овие од десната страна имаа многу ангажмани, зборува за проектите и што ќе се изгуби ако не се изгласа ребалансот.

И дојде тој историски ден, како што го кажа Коњановски, ребаласот помина, односно беше изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани од Поинаку.

А, важни беа и следните точки, односно програмите кои се врзани со ребалансот. Впечатокот е дека 17-ката беше бетонирана, се мисли на гласовите на тие од десната страна и плус заради шареноликот неколку и од левата.

Една од наредните беше и прогамата за субвенциирање на јавни претпријатија. 17 „за“, против 8, воздржани 4.

Програмата за развојни планови на Битола за 2025-2027 година беше изгласана со 17 „за“, против 4, воздржани 8. За разлика од претходните две со таа за ребалансот кад СДСМ беше против, за развојните програми СДСМ беше воздржана.

Програмата за измени и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште  17 „за“, против немаше, а воздржани беа 12.

Следна точка беше програмата за користење и одржување на јавното осветлување 17 „за“, против немаше, 12 беа воздржани.

За измената на програмата за економси развој 16 беа „за“, против немаше, воздржани 13.

Програмата, односно измените на програмата за животна средина изгласана со 18 „за“, против немаше, а воздржани беа 11.

И измените на програмата за култура поминаа со 16 „за“, против немаше, воздржани беа 13.

Следна беше програмата за активности во областа на спортото. Е тука сите кренаа рака „за“, освен еден воздржан советник.

А, за измените на програмата за јавни дејности, образование на Општина Битола, овде пак како сите да кренанаа рака, иако имаше мало закочување или збунување, но ја усвоија.

После тоа што беше во првиот дел од седницата некаде околу 16:00 кога помина времето за ручек дадоа пауза до 18:00 часот, едни на ручек, други на ужина, најверојано зависно кој кога и што јади во текот на денот и каков календар на исхрана има.

Потоа се вратија и до вечерта продолжија со другите точки.