Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со шлем на глава, црни очила и во придружба на свои колеги на делницата од автопатот којa се гради кон Битола.

„Нови економски шанси за пелагонискиот регион“, ќе објави тој вака на својот Фејзбук профил.
А, тука во Битола, ако ребалансот зависи од гласовите на СДСМ, тогаш Коњановски најверојано би останал без пари.

„После денешната седница на комисијата за финансии и буџет и после скоро 4 години како советник во советот на општина Битола едно е јасно. Улогата на советник некаде по патот се изгуби, благодарениe на тандемот СДС и ПОИНАКУ“ вели советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.
Понатаму вели тој, наместо да бидеме гласот на народот, наместо да советуваме и да се бориме за подобра иднина, гледаме како советничката функција се претвори во алатка за блокирање, опструкции и кочење на секој чекор напред. И со три големи „Не“ вели за тоа не не избраа граѓаните, не за да кочиме проекти, не да за да рушиме туѓ труд и визија. Според него граѓаните очекуваат работа, резултати, искреност и посветеност. И вели граѓаните очекуваат да бидеме таму за нив, не против нив.

„Време е да ја вратиме смислата на советничката функција во служба за граѓаните и за иднината на нашата општина. За брзо време ќе се надминат сите опструкции. Ќе почекаме, но нема да отстапиме. За доброто на граѓаните чекор по чекор, ќе успееме“ завршува Бојкоски за денешната комисиска расправа.
На денешната комисија СДСМ не го поддржа ребалансот, потврди за Тера, координаторот на СДСМ Петар Николовски и рече дека и в понеделник на пленарната седница СДСМ ќе гласа против овој ребаланс.

А, зошто против и дали ова ќе биде прв пат во овие четири години да се случи ребаланс на буџетот да не помини, иако и досега имало политички убедувања, догововарања, прифаќања амандмани за на крај да се изгласаат. Но, дали сега дека сме пред избори па СДСМ е катргорична и непопушта или новиот претседател Куновски има цврсти ставови, како и новиот координатор, можеби?
„Се работи за ребаланс на буџет во кој повторно во бунар се фрлаат парите на битолчани без да има објаснување, пример со зголемување на договорни услуги“ е едно од објаснувањето, односно причините зошто СДСМ не го поддржува овој ребаланс.
Николовски вели дека Коњановски нема абер да побара одговорност од директорите за над 2.5 милиони евра загуби на јавните претпријатиа и неможиме да бидиме соучесници во аминувањето на овај ребаланс и трошењето на парите на грсѓаните, не мислиме дека правилно се планираат и трошат парите на граѓаните, вели координаторот на СДСМ.











