ТЕРА

REKLAMA???

РЕДУЦИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

Од битолски „Водовод“ информираат дека поради изведувањето на нова водоводна линија во Логоварди и Поешево, со цел да се исклучи можноста за настанување дефекти на овој дел од водоводната мрежа, водоснабдувањето ќе биде редуцирано за корисниците од овие населени места.

Во текот на оваа работна недела, почнувајќи од денеска 29.07.2025 (вторник), па сè до 31.07.2025 (четврток), водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 07:00 до 16:00 часот.

По 16:00 часот, во овие денови, водоснабдувањето ќе се врши со намален проток. Нормализирање на водоснабдувањето за овие корисници се очекува во петок (01.08.2025), велат од „Водовод“.