„Нискоградба“ започна со реконструкција на уште еден мост во Битола. Работните активности „Нискоградба“ ги продолжува со реконструкција на мостот во горниот дел на Драгорот кај хемиското чистење, односно кај Музејот на албанската азбука.

Од таму известуваат дека за време на изведување на работите мостот нема да биде во употреба и тоа до завршување на градежните работи.

Претходно го реконструираа дрвениот мост кај Јенимаале, потоа железниот кај рибарниците, а сега е на ред овај мост.

„Нискоградба“ има договор со општината вреден 1,2 милиони денари за реконструкција на мостовите во Битола.












