Од Општина Новаци информираат дека во Новаци продолжуваат со уредување и подобрување на уличната инфраструктура.
Како што стои во информацијата, направена е темелна реконструкција на уште една улица, со што, како што вели градоначалникот Стевановски им обезбедуваат на жителите поквалитетни услови за живеење, поголема безбедност и убава слика на нивното населено место.
„Секој ваков проект е дел од нашата заложба за современо и функционално урбано уредување“ додава градоначалникот на Новаци.














