ТЕРА

REKLAMA???

РЕКТОРОТ НЕДЕЛКОВСКИ ВО НАЈАВА НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА ОСНОВАЊЕТО НА УКЛО

Со натпреварот во ораторство започна одбележувањето на јубилејот на Универзитетот Св. Климент Охридски. Во најава се многу настани, и за академијата и за широката јавност.

Започнуваат овие отворени денови на УКЛО, потврди ректорот проф. Д-р Игор Неделковски. Се одржуваат веќе трета година по повод денот на основањето на Универзитетот, 25 април 1979 година. Ние со академска церемонија го одбележуваме на почетокот на нашиот патронен празник, а со Отворен ден-денот на основањето. Оваа година имаме и гости од КОЛОРС Алијансата, претседателката и директорката, од универзитетот Падерборн во Германија. Утре (24.04) го славиме и Македонското научно друштво (МНД) бидејќи тоа е основано во 1960 година на истиот ден како и Универзитетот, ќе имаме настан во ректоратот, имаме доделување дипломи на докторанти, потоа настан на Широк Сокак во близина на Кино Манаки, ќе имаме неколку работилници во рамките на КОЛОРС алијансата во реновираниот Студентски информативен центар (СИЦ),  а ректорот заедно со проректорите го имаат и традиционалниот работен ручек со директорите на средните училишта со цел анализа на соработката со средните училишта, а посебно што годинава темата е „Корени и Крилја“. Во петок ( 25.04) е главниот настан, се случува во Офицерски- на двата ката и надвор на платото, има многу говорници, настани отворени за јавноста. Во сабота ( 26.06) го имаме УКЛО Марш и УКЛО Велотура, кадешто ќе се промовираат и некои нови начини на одржлив велотранспорт.