ТЕРА

REKLAMA???

РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ ВАЖЕН ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА УКЛО

Во неделата којашто измина Универзитетот „Св. Климент Охридски“ , со тоа и Битола, беше организатор и домаќин на 9 -от по ред Ректорски форум на кој учествуваа првите луѓе од 60тина европски универзитети. Форумот е уште еден показател од важноста на професионалното вмрежување на Академијата со напредни и малку побогати универзитети,  затоа што корисноста ја има целата заедница, од најмалата – студентска во кабинет, до пошироката во регионот и државата.

Од 11 до 12 септември 2024 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше домаќин на 9. состанок на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан. УКЛО, како дел од Европската универзитетска алијанса COLURS, успешно ги спои учесниците на Форумот со претставниците на европските универзитетски алијанси – концепт што се реалзира со синергијата на ЦИО на Алијансата КОЛОРС и тимот на Ректоратот задолжеен за оперативните аспекти на Универзитетот.

Оваа регионална соработка е воспоставена пред неколку години, а во изминатите години универзитетите од регионот работеа заедно за да обезбедат успешно функционирање на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан како важна регионална мрежа на високото,  да стане глас на академските институции во регионот. Проф. д-р Џозеф Гарел, претседател на Европската асоцијација на универзитети, во рамките на панел дискусијата посочи дека само 10 отсто од европските универзитети имаат можност да влезат во алијанси, дека транснационалната соработка мора да биде од корист за сите универзитетски системи и мнозинството не смее да биде ограничено за соработка во сојузи на ЕУ. Различни земји имаат различни правни рамки,  законска регулатива и финансирање, и во таа насока потребни се законски реформи, се тоа е предизвикот на оваа генерација ректори и професори и студенти.

 

Соработката за земјите од Западен Балкан овозможува брзо целно напредување за да се стигне до стандардот што го имаат развиените земји, проширување на дата базата на информации кои се користат, економски бенефет во однос на ресурсите што се користат генерално при истражувања или научно-истражувачка работа и што е најважно, овозможува широк агол на сознанија коишто  се нудат на студентите и надворешната заедница. Учењето за културата на другите народи  и европската културна матрица е бонус. Иднината е директно поврзана со промовирање и иницирање промени и размени во образовните програми на универзитетите, интегрирање во создавањето на знаењето, формирање мултидисциплинарни тимови засновани на предизвиците за справување со општествените предизвици, создаваање капацитети за ко-создавање на знаење, алатки, методологии, платформи.  Соработката за академско истражување е начин да се изградите професионалната мрежа и да се прошири знаењето. – пишува во промотивните страници на Европската Комисија која ги поддржа ваквите иницијативи.

Овие веќе проверени начини на соработка од двете постари универзитетски алијанси кои беа гости во Битола  доведоа до зачленување на нови три членки. Имено, На 9. Ректорски форум за нови членови  примени се три универзитети – Универзитетот Аристотел во Солун од Грција, Универзитетот за применети науки во Урошевац од Косово и Универзитетот Иса Болетин во Митровица. – информира Ректоратот денеска.

Форумот што се реализираше во Битола, а во организација на Универзитетот со седиште во Битола  е уште еден показател од важноста на професионалното вмрежување на Академијата со напредни и малку побогати универзитети,  затоа што корисноста ја има целата заедница, од најмалата – студентска во кабинет, до пошироката во регионот и државата.

Одржувањето на Ректорскиот форум се поклопува со одбележувањето на 100 годишнината од почетокот на Универзитетот преку Тутунскиот инситтут како една од неговите единици, 45 годишнината од формалното функционирање на  факултетите кои го сочинуваат Универзитетот и 90-годишнината од првото студентско организирање во Битола.