РЕК Битола започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот, информираат од таму.
Почетокот на акцијата за оформување на заштитна зона со високостеблеста шума и рекултивација на површински коп и одлагалишта за јаловина и депонијата за пепел, го означија вработени во Службата за техничка сигурност на РЕК Битола и волонтери од Здружението за доброволно младинско работно ангажирање “Волонтери Пелистер” од Битола кои денес посадија багреми под одлагалиштето за пепел.
Во рамките на акцијата за засадување на 150.500 садници, планирано е околу РЕК Битола да се засадат 70.000 садници на јасен, 80.000 садници багрем и 500 тополи!
Остануваме посветени на грижата за животната средина!, се вели во информацијата на РЕК Битола .

















