Претседателот на комисијата за здравство при СДСМ и заменик министер за здравство, Владимир Рендевски во Битола се сретна со раководството на партијата, со членови на локалната комисија за здравство и членови во Советот на Општина Битола.

Рендевски, како што информираат од СДСМ, го реафирмираше ставот на владината коалиција предводена од СДСМ за продолжување на постапката за отворање на Медицински факултет во Битола кој би имал дисперзирани студии и во Охрид и Струга.

„Медицински факултет во Битола е наше изборно ветување кое наскоро ќе биде реалност“ велат од СДСМ.












