Роковникот на Државната изборна комисија предвидува посебни рокови за пријавување на посебните категории на гласачи .

Демократските избори во една држава овозможуваат на сите со својот глас да учествуваат во изборот на своите делегати. Тоа и македонскиот Устав го предвидува– секој може да биде избран и да избира.
Државната изборна комисија која ги организира и спроведува изборите освен со пропишаните норми и правила, за нивно почитување изборите ги реализира преку одреден роковник. Тоа важи за политичките субјекти и за граѓаните. А месецот во кој се реализираат изборите – барем првиот круг, кога ќе бидат избрани советниците, налага активност на неколку категории граѓани.

X.1. Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или
болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот
определен за гласање, 10 октомври, 24:00 часот.
X.2. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен
притвор, а кои сакаат да гласат, преку овластен полномошник ќе ја известат ОИК
најдоцна 3 дена пред денот определен за гласање, 14 октомври, 24:00 часот.
Постапката мора да се почитува како сите би ја имале можноста да го остварат своето гласачко право.
X.5. Немоќните или болни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот
определен за одржување на изборите. Ова гласање го спроведува избирачкиот
одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде
припаѓаат овие лица, на 18 октомври (сабота).
X.6. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување на казна
затвор или се во притвор, гласаат во казнено – поправните домови еден ден пред
одржувањето на изборите, на 18 октомври (сабота).
X.7. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен
притвор гласаат во местото каде ја издржува мерката куќен притвор, еден ден пред
денот на одржувањето на изборите, на 18 октомври (сабота).

X.8. Лицата со статус внатрешно раселени лица гласаат во колективните домови и
прифатните центри каде што се сместени еден ден пред денот определен за
одржување на изборите, на 18 октомври (сабота).
X.9. Избирачите кои на денот на гласањето се згрижени во посебни установи за
вонсемејна грижа гласаат во установата каде што се згрижени, еден ден пред денот
определен за одржување на изборите, по претходна пријава до одговорното лице
на установата каде се згрижени. Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор на
чија територија се наоѓа установи за вонсемејна грижа, на 18 октомври
(сабота).












