ТЕРА

REKLAMA???

РОМАНЦИ ВО СЛОЕШТИЦА ИЗМАМИЛЕ ЖИТЕЛИ СО НАВОДНО БРЕНДИРАНИ ПРЕДМЕТИ

На 16.07.2025 во 15.30 часот во село Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода три лица, двајца на возраст од 26 и еден од 47 години сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Имено, тие во село Слоештица, демирхисарко, довеле во заблуда неколку жители и им продале наводно брендирани предмети за домаќинство, кои пак за возврат им дале златен накит и парични средства.

Од СВР Битола соопштија дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.