Во Актуел на Тера телевизија денеска разговараме со Драганчо Саботковски, актуелен градоначалник на Општина Могила и од партијата ВМРО ДПМНЕ номиниран за кандидат за уште еден градоначалнички мандат.
Вели дека е задоволни од сработеното во Могила во изминатите скоро четири години и дека Могила продолжува по патот на успехот. Вели дека со она што е сработено се покажа дека тоа не беа само ветувања, туку конкретни дела што го менуваат животот во Могила, а дека тоа е доказ дека кога има вистинска соработка помеѓу локалната и централната власт, резултатите се видливи и мерливи.
Кога ја презел одговорноста да ја води општина Могила, се соочиле со огромни финансиски предизвици, вели тој, со долг од 28 милиони денари и само 600.000 денари на сметка.
„Денес, со дисциплинирано управување, над 80% од тој долг е веќе исплатен. Општината функционира стабилно, со јасна развојна насока и конкретни резултати. Три години наназад ја водиме Могила во услови на блокади и игнорирање од страна на тогашната централна власт предводена од СДСМ. Но, тоа време помина“ вели Саботковски.
За него целта е јасна, да ја направи Могила место каде што се живее достоинствено, место од каде младите не заминуваат, туку се враќаат, место каде што сите без поделби ја градат иднината.
Зборуваме и за дванаесетото издание на фестивалот на дуети „Константин и Елена Могила 2025“, единствениот фестивал од овој вид во Република Македонија, фестивал кој ја негува и поддржува македонската народна песна и го негува македонскиот фолклор.











