На Факултетот за информатички и комуникацики технологии во Битола ( ФИКТ) денеска се одржа саем на кариера.

Иако е време на високо развиена технологија, вработувања преку интернет и задачи дадени по некоја од социјалните мрежи, сепак , барем кај нас, директниот контакт и добро срочената презентација си го имаат своето место во промоцијата на компаниите кои се заинтересирани во своите редови да имаат млади, добро образовани , иновативни и инвентивни вработени. Саемот на кариера на ФИКТ е токму тоа, – директен контакт на академијата, јавните компании, приватните компании сите кои се директно во информатичката технологија или за своите процеси се потпираат на неа.

„Се одржува третиот по ред саем на кариера Carier Expo2025, а исто така годинава првпат се организира и алумни средба на веќе дипломирани, магистрирани и докторирани студенти. На саемот покрај нашите студенти и студенти од другите факултетит од Универзитетот „Св. Клименто Охридски“ присутни се околу 20 компании и институции со коишто студентите преку директен контакт ќе може да се запознаат меѓусебно и да се реализираат студентски пракси , а понатаму секако и вработување на студентите.“ – рече за медиумите проф. Д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот.


Искуствата им се позитивни. Денеска имаа и директен показател. Имено Професорката Лела Ивановска ги придружуваше гостите од средното училиште Шехит Мурат Наибоглу од Истанбул, Турција. Посетата на Македонија им е дел од Еразмус плус програмата на Европската Комисија, имаат за цел да се запознаат со иновациите во процесот на образование кои се воведени на ФИКТ. Го прашавме професорот Сердар Дриавачи дали има заинтересирани средношколци да студираат во Македонија и на УКЛО?

„Ние сме наставници од средно училиште од Истанбул, Турција, а тука сме преку програмата за мобилност од програмата Ерасмус – иновации, дигитализација во образованиетосо цел да го подобриме нашите вештини при изучувањето на повеќе предмети како Англиски јазик, има наставници кои предаваат општествени предмети и природно-математички. Имаме доста вакви настани во нашето училиште, а соработуваме и со други земји , ќе го посетиме Хелсинки…Нашата младина е доста заинтересирана за Македонија како за историјата, а нашите ученици ја знаат оваа држава и пројавуваат желба да дојдат тука и да студираат.“ – вели професорот од средното истанбулско училиште.


Ќе ги продолжат ваквите саеми односно отворен ден на факултетот вели деканот Ристевски. „Голем дел од нашите студенти стапија во контакт со ИТ компаниите но и други компании на коишто им се потребни ИТ стручњаци.“-
На денешниот Саем на кариера на ФИКТ поканети беа и учениците од средните училишта од Битола и регионот, од каде ФИКТ и Универзитетот св. Климент Охридски ги очекуваат следните бруцоши.












