Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,56%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 100,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,411 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,455 ден/кг.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 98,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 101,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 100,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,455 (денари/килограм)












