ТЕРА

REKLAMA???

САРА ИЛИЕВСКА ВТОРО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЖРК ПЕЛИСТЕР ЗА НАРЕДНАТА СЕЗОНА

Македонскиот женски суперлигаш, ЖРК Пелистер го претстави второто засилување за новата сезона. По вчерашниот потпис со една од најдобрите ракомерарки на ЖРК Деспина од Прилеп, Сања Цветкоска, пелистерки денес потпишаа ракометарка од градскиот ривал.

Имено, нов член на екипата водена од тренерот Кире Митревски е левото крило Сара Илиевска. Младата ракометарка, која игра на позицијата лево крило, е производ на Феникс АМС и го носеше дресот на овој суперлигаш во целиот свој развој. Таа потпиша договор на една сезона со ЖРК Пелистер.

Од клубот од Битола најавуваат најмалку уште две засилувања до почетокот на подготовките, закажани за втората недела од август годинава. Младиот битолски состав минатата сезона играше во плеј-офот, но не се избори за место во евро-куповите.