ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТОСАВСКА ВЕЧЕР ВО БИТОЛА

По повод големиот српски празник Свети Сава, заедницата на Срби во Битола, традиционлано и оваа година по 30 пат ја одржа Светосавската вечер.  На едно место се собраа и срби и македонци и упатија порака за соживот и в заемна почит и разбирање.

„Она што беше проекција за минатата година дека одржувањето на Свети Сава треба да биде во повеќе градови, почнуваме полека да го реализираме. Оваа година бевме спречени богатата културно уметничка програма која што беше во Скопје и Куманово да ја донесеме и во Битола пред се заради скромни финансиски средства, односно скромната финансиска помош од владата на Македонија, така што се надеваме дека идната година, барем оптимистички да гледаме дека ќе успееме да ја доведеме таа богато културно уметничка програма да ја донесеме тука во Битола“, изјави Иван Стоилковиќ, пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

„Пред се сакам да го честитам празникот Свети Сава на сите христијани, бидејќи ликот и делото на Свети Сава не подразбира само српски народ без разлика на тоа што тој во своето дело вткал, основање на некој начин и архиепископија и на српска држава, меѓутоа христијанството само посебе разбира љубов меѓу луѓе, љубов меѓу христијани и сите останати. Така што на некој начин почитувајќи го делото на Свети Сава ние едноставно шириме љубов кон сите, и би сакала сите да ни се придружат со една таква благословена мисла, со една мисла којашто повикува на заедништво, на разбирање и на соживот“, изјави Гордана Јовиќ Стојковска претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија.

Светосавската вечер помина со дружба и песна, но и со сумирање на в печатоците за тоа како помина неделата на одбележување на националниот празник, што е она што го сработија во изминатата година и секако ги разгледаа плановите за она што треба да го сработот во тековната година.

„Она што е важно за Битола, предвидено е продолжување со програмата за факултативно изучувањсе на српскиот јазик, предвидено е изложба по повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме, и потоа предвидено е нормално Маршот до Кајмакчалан“, рече Стоилковиќ.

Прашавме дел од присутните што значат за нив ваквите средби?

„Дојдовме овде да се забавуваме на овај свечен ден Свети Сава. Сите сме на едно место, дојдовме во мешан состав, не се само македонци туку и срби. Сакаме да се дружиме, сакаме да биде се во најдобар ред. Не има во голем број, секоја година го славиме тој ден, сите сме на едно место и сите сме задоволни, овде во Битола живееме добро“, рече Ѓеорѓи Јорданов.  

„ 30 годишна традиција на Србите во Битола. Се дружиме тука, овие дружби многи значат, да се видиме и да го одбележиме пртазникот. Го чекаме и Видовден. Имаме гости од другите српски заедници од Куманово, од Охрид, од Прилеп кои не поддржуваат“, рече Бранко Станимировиќ.

„ Оваа година јубилејно славиме 30 години откако се формира нашата заедница. Се дружиме заедно и македонци и срби“, рече Марија Периќ.

Колку младите ја негуваат традицијата?

„За нас ова е посебна вечер Ден на Свети Сава, денот на српскиот народ. Голема е честа што вечерва тука со нас се голем број на пријатели и другари пред се. Сите сме овде собрани вечерва, така што посакуваме многу здравје, многу среќа и до година вака да се дружиме сите. Ова за нас е еден голем собир“, рече Владимир Тасевски.

Со Светосавската вечер практично Заедницата на Србите од Битола го заокружи одбележувањето на  православниот светец Свети Сава, првиот архиепископ на афтокефалната српска црква.