ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ ВО КАИРО

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро – Cairo International Film Festival, кој се одржува од 13 до 22 ноември.

„ Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, и по неколку измени дојдовме до оваа конечна верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката“, рече Елеонора Венинова.

Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите нејзини филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот. 

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.

„ Како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура. Уверувам дека ќе продолжиме да финансираме успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот“, истакна  Бојан Лазаревски.

https://youtu.be/6H6O-OPBqaw