Во Офицерскиот дом во Битола со сол и погача добредојде за гостите на свечената академија која ја организраше Заедницата на Србите во Македонија Битола по повод 15-ти септември Денот на пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на одбележување на српското единство, слобода и националното знаме.
Пригодна промага, а меѓу гостите високи политичари и од двете земји. Во името на македонската влада заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковик. Во име на српската влада Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски министерка за работа, вработување, боречки и социјални прашања
На свечената академијата и Зоран Антиќ, државен секретар во министерството за работа, вработување, боречки и социјални прашања, како и преставници на српската амбасада во Македонија, а тука беше и градоначачникот на Битола Тони Коњановски, многу гости од сите сфери на живеење.
На оваа Свечена академија и прославата за 30 годишното постоење на Заедницата на Србите во Македонија Битола, чиј претседател Зоран Жугиќ додели благодарници за соработката, за се она што значи почитување и унапредување на односите меѓу двата народа.












