Се зголемува бројот изречени прекршоци од страна на полициските припадници кон возачите во градот.
Само во еден ден, понеделнички, СВР Битола издаде 80 патни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи, а според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Од нив нешто повеќе од полоцина се наплатени низ платни налози.
Полициските службеници се во засилени контроли на патиштата. Се проверува најпрвин состојбата на возачот – дали е совесен или весел, дали вози регистрирано возило со проверката на сообраќајната дозвола , секако и дали вози со возачка или без возачка.
Во Битола, од вкупно 373 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 22 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –14 како и 4 возачи кои што управувале нерегистрирани возила.
Покрај ова изречени се и 7 мерки по основ на говорење на мобилен телефон при возење, како и 12 мерки за непрописно паркирани возила. Од вкупно 32 алкотесирани возачи кај еден возач констатирано е присуство на алкохол при што истиот е отстранет од сообраќај.
На ниво на држава не е различно. Се вози и се пие и се „крие„ возачката. Министерството информира дека на ниво на цела држава само во понеделникот, на 24 февруари, издале вкупно 773 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките трендови, најголем дел од прекршоците се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената ( 175), како и непрописното паркирање( 252). Додека пак, веднаш зад нив следат прекршоците за возење без возачка дозвола 73, потоа некористење на сигурносен појас 48, како и 34 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
Инаку, континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. А, сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.












