ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ БИТОЛА ГИ ПРОМОВИРАШЕ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЦИ

Во присуство на членови и симпатизери синоќа во старата битолска чаршија социјал-демократскиот сојуз  ги промовира своите кандидати за градоначалник и советници за овие локални избори. Најавија нова надеж за „Битола која расте, дише и дава надеж за сите генерации“.

Промоцијата на кандидатот за градоначалник Методија Куновски и 31 кандидат за советник предводени од Петар Николовски измина во  духот на партиско единство. Првиот на листата кандидати за советници  започна со поздравниот говор во име на  кандидатите кои ги претстави како „тим со енергија кој верува во Битола како град за млади кои сакаат да живеат овде“.Николовски го критикуваше актуелниот начин на трошење на парите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека „парите се потрошени, а видливи резултати нема“ ниту пак проблемите на граѓаните се решени.Вниманието на присутните, но и случајните минувачи во целост го привлече кандидатот за градоначалник Методија Куновски.„ На градот му треба Петка, а за Коњановски- единица“ го започна своето обраќање, реферирајќи на бројот 5 со кој е означена коалицијата предводена од СДСМ на гласачките ливчиња. Им се заблагодари на присутните досегашни советници кои ја воделе политичката битка во Советот на оптината.

Тој ја критикуваше актуелната локална власт, споредувајќи го досегашното владеење со градот со катаклизма. Барајќи одговорност  Куновски го изнесе податокот дека Битола на 30 јуни оваа година била во долг повеќе од 1 милиони и 600 илјади евра, дека сите комунални претпријатија се задолжени. „Градоначалникот ги следи потребите на градот затоа што се трошат парите на граѓаните и треба да се трошат како што граѓаните ќе речат“. – посочи Методија Куновски.

На собирот беа презентирани дел проекти кои се во Програмата за работа во четиригодишен мандат што СДСМ ја нуди на граѓаните.

Фабрика за селекција, рециклажа и третман на биоразградлив отпад која треба да биде изградена за 4 години е алтернативното решение за најавената регионална депонија. Куновски рече дека СДСМ го напушта моделот за регионална депонија на 18 општини. Подобра инфраструктура за мобилност со критика за досегашната висока цена за метар квадратен асфалт и како што рече Николовски „кружни по тротоари“. Во делот за заштита на животната средина, набавка на 20 еко автобуси кои ќе бидат основа на функционалниот јавен превоз во градот и субвенции за филтри на оџаците на домаќинствата во градот. Од Тумбе кафе до саатот и од Гроздот до комитетот да биде пешачка зона, зголемување на урбаното зеленило кое е критично ниско, објектот Парк да биде туристички инфоцентар со кафетерија за туристите.

Во делот на социјалната грижа, кандидатот Методија Куновски предвидува изградба на Дневен центар за лица со попреченост од различна возраст. Предидува и формирање на јавно претпријатие коешто ќе се занимава со берздомните кучиња кои наместо да бидат „вратени назад во заедницата“ нема проблем да се сместени во прифатилиштето.

„Борбата никогаш не застанува особено не ако се бориме за нашиот дом, а ние се бориме за чиста, убава и хумана Битола оти Битола е нашиот дом“, рече кандидатот за градоначалник Методија Куновски.  Ги повика членовите на СДСМ и граѓаните на избори „ да покажеме дека нашата Битола е жива, гласна, и обединета околу вредностите што сите нас тука не прават заедница. “