По завршувањето на седницата објавија фотографија од советничката група со наслов: Победи одговорноста-Разрешение се управните и надзорните одбори!

„На денешната седница на Советот на Општина Битола, Советот донесе одлука за разрешување на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија:
ЈКП Водовод, ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба, ЈП Паркинзи и ЈП Пазари.
Овие точки поминаа на дневен ред по нашето барање, како реакција на катастрофалните загуби кои надминуваат 2,5 милиони евра!
Ова е прв чекор кон враќање на одговорноста, транспарентноста и ефикасноста во работењето на јавните претпријатија. Битола мора да престане да тоне во долгови поради нечие неодговорно менаџирање. Продолжуваме гласно и одлучно да се бориме за интересите на граѓаните! Битола заслужува повеќе“, стои во нивната објава.
А, денеска ОК на ВМРО ДПМНЕ вели лажна еуфорија ги има зафатено СДСМ.

Насловот на нивната реакција : Управните и надзорните одбори не се разрешени, СДСМ повторно лаже.
„Лажната еуфорија која ги има зафатено СДСМ ќе им се удри од глава. Во нивен добро познат стил со класично кршење на процедурите и законите СДСМ со нивната поддружница ПОИНАКУ и помалиот брат ЛЕВИЦА си предложија и си изгласаа незаконско разрешување на управните и надзорните одбори.
Повторно ја погрешија процедурата, советниците кои се од нивните редови не ја запазија законската процедура и донесената одлука е незаконска.
Управните и надзорните одбори во јавните претпријатија продолжуваат нормално да функционираат. Бесплатен совет до СДСМ да ги консултираат нивните скапо платени адвокати од нивното владеење кога ги плаќаа од јавните претпријатија“ велат од ВМРО ДПМНЕ.












