ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ НЕМА ДА БИДЕ СОУЧЕСНИК ВО ПОНАТАМОШНОТО КРЧМЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Денеска од СДСМ на пресконференција рекоа дека нема да бидат соучесници во понатамошното крчмење на јавните претпријатија од градот.

„Почитувани Битолчани – За само една година, јавните претпријатија според завршна сметка се во сериозни загуби.Ова е резултат од катастрофалното менаџирање на ЈП од кадрите поставени од Градоначалникот Т.К.Не,само што ги заглавија претпријатија та каде директоруваат туку немаат визија како понатаму.

Една година и пол укажувавме на проблеми во раководењето и немилосрдното трошење на парите на Битолчани . Затоа СДСМ и коалицијата за 26 седница на Советот зазеде став дека нема да биде соучесник во понатамошното крчмење на ЈП под капа на општината.Како понатаму ќе функционира Советот е во рацете на мнозинството односно дпмне и поинаку.

Советничката група на СДСМ и коалицијата секогаш била и останува конструктивна опозиција се’ во интерес на граѓаните, рече Мирјана Захариевска Ралевска, советник од СДСМ.