ТЕРА

REKLAMA???

СЕГА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА ЧЕЛО НА КОЛОНАТА, ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНО НА СРЕДИНА

Вчера информиравме за на средина поставеното државно знаме на јарболите крај црвениот килим по кој ќе движат гостите на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Согласно Законот за употреба на знамето во ваква ситуација тоа секогаш се поставува прво, односно од левата страна гледано од напред.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува во Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на други држави, или меѓународни организации, знамето на Република Македонија се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на тие знамиња:

1) во средината на кругот така што јасно да се гледа – ако другите знамиња се наредени во круг;

2) во средината на полукругот – ако другите знамиња се наредени во полукруг;

3) на чело на колоната – ако другите знамиња се наредени во колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано однапред – ако другите знамиња се наредени во ред;

5) на чело на групата – ако другите знамиња се распоредени во групи.

По објавувањето на веста на Тера организаторот на фестивалот „Браќа Манаки“ го преместија знамето и сега тоа е на прво место во редот знамиња.

Инаку, на интернет може да се најде и протоколот за поставување на државното знаме во различни ситуации.

Ланската година фестивалот го засени грешката која се провлекуваше во текот на целото издание, со ликовите на браќата Манаки на интернет страницата на фестивалот кои не соодветствуваа со точните имиња.