ТЕРА

REKLAMA???

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион вчера ја одржа 12-та седница.

На седницата покрај другите точки на дневен ред беа дискутирани активностите и проектите кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализираше во текот на 2022 година како и проектите кои се одобрени да се реализираат во текот на тековната 2023 година.

Исто така донесени беа одлуки за нови проекти кои ЦРППР ќе ги аплицира во рамките на Програмата за Рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа која се реализира преку Бирото за регионален развој како и проекти кои ќе се аплицираат во Програмата за капитални субвениции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2023 година на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.