ТЕРА

REKLAMA???

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

За денеска е закажана 50-та седница на Советот на Општина Битола. На дневен ред се 55 точки.

Пред советниците ќе се најдат програмите за измени и дополнување на Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2025 година и за измени и дополнување на Програма за развојни планови на Општина Битола за прериодот од 2025-2027 година.

Потоа програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2025 година и таа за измени и дополнување на Програмата за образование во Општина Битола за 2025 година.

Како и одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2025 година.

Неколку донации, детални урбанистички планови, давање под закуп на недвижни страври сопственост на општината.

На денешната седница е и одлуката за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод, како и одлуката за формирање на заедничка комисија за основање на заедничко Јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.

Потоа правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за возни линии, возен ред и вредност на билет за линиски превоз на патници (МЈП ПЕЛАЛИНК Битола) и други точки.