ТЕРА

REKLAMA???

СЕКОЈ Е СОПСТВЕНИК НА СЕБЕ – ЛИКОТ ГЛАСОТ И СТАСОТ

Oд Папата, преку Том Круз, Тејлор Свифт, до Доналд Трамп – никој не беше пропуштен во создавањетро на друга – вештачки генерирана слика од нив. Тоа што некогаш претставуваше шега сега е опасност за секое лице, глас и стас. Па развиениот свет бара законско регулирање на однесувањето на програмерите за и вештачката интелигенција да не крши закон. Данска можеби е на прагот да го направи тоа.

„Сите нации следат и доколку Данска успее очекувајте бран на слични закони низ Европа и нова граница за етиката на Вештачката интелигенција. “ Вака извесна Инстаграм профил Визофаи ја започнува информацијата за правото на самоодбарна на ликот,гласот и стасот од дигитално неовластено изменување. Законот што го подготвуваат и овде-онде даваат поддршка Данците е парадигма во поимањето на идентитетот – не како нешто што сум туку како нешто што поседувам. Дигитално. Легално. Трајно.

Дипфејк се дефинира како видео ( или фотографија) од личност во кое неговото лице или тело се дигитално изменети така што изгледа како некој друг и  обично се користи злонамерно или за ширење лажни информации. Папата беше облечен во бела виндјакна, Трамп беше папа пред годинешниот избор на папата.  Неетичкото користење на технологијата подразбира вознемирување и уцена на било кој што би станал мета, но и можност за измама на бизниси и влијание врз избори. А дипфејковите се проширија и на гласот ( некои велат таму почнаа) и на телото , се лажира се.

Со предложениот закон се дава право на сопственост врз сопствениот дигитален идентитет. Што подразбира дека освен за документи за идентификација никој не смее да ја користи вашата слика без ваша согласност и, доколку го направи тоа овојпат ќе плати казна. Или, човекот сам е своја интелектуална сопственост.

Предложениот закон овозможува право на официјално барање за отстранување на содржината генерирана од вештачка интелигенција користејќи ја сличностa, право на обештетување и одговорност на интернет страниците и платформите.

А казните за платформите треба да бидат високи доколку тие не ја тргнат вештачката лажа содржина и привремено да може да бидат исклучени. На крај законот предвидува надзор што ја следи употребата на вештачката интелигенција низ интернет светот.

И сега е слично, но сепак е различно. Правниците велат доколку Данска го донесе законот ќе се создаде правна основа за сопствена заштита од измамничкии однесувања, дипфејк-от станува прекршок и има потенцијална можност легално да се стигне до креаторот и тој да биде казнет.

Законот се однесува на лажно порно, измамнички повици и лажна политичка пропаганда. Сатиричните и пародични дипфејкови ако е прецизирано дека се такви се во сивата зона меѓу слободата на изразување и безбедноста.

„Секој треба да го поседува својот имиџ, а законот не е само регулација туку декларација на човекови права надградени за ерата на вештачка интелигенција“ –  изјавил министерот за култура претставувајќи го предлогот.

Данска го презеде претстедателството со ЕУ на почетокот на месецот и ќе остане на позицијата се до крајот на годината. Дотогаш сите пратеници кои сега им се на одмор ќе бидат во своите пратенички столчиња и ќе се знае дали најпрвин жителите на оваа држава ќе имаат сопственост врз  својот дигитален идентитет.