Вчера се асфалтираше паркингот кај манастирот „Св. Архангел Гаврил“ во село Скочивир.
Како што информира градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, оваа активност е дел од програмата за уредување на локални улици и јавни површини на Општина Новаци, со цел создавање подобри услови за жителите и посетителите на овој црковен објект.
„Со уредениот паркинг обезбедуваме поголема безбедност, уреденост и олеснет пристап за сите верници и гости кои го посетуваат манастирот. Општина Новаци останува посветена на континуирани инвестиции за подобрување на квалитетот на живот во секое населено место“ вели Стевановски.














