ТЕРА

REKLAMA???

СЕ АСФАЛТИРА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ПАТОТ ЗА БУКОВО

Денес се изврши асфалтирање на локалниот пат за село Буково, во должина од 600 метри како реализација на договорот од проектот „ Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола“, информираат од Општина Битола.

Асфалтирањето е на првиот слој на десниот дел на коловозот, а во претходната фаза извршена е стабилизација на банкината и вградени се префабрикувани бетонски каналети за одводнување на коловозот.

Проширувањето на патот е по барање на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот, а истиот е проширен симетрично на постоечкиот коловоз од двете страни по 1 метар, а во вкупна ширина од 5,50 м².

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а изведувач е ЗИМАК Стретен ДООЕЛ Битола, стои во информацијата од општината.

Фото: Општина Битола