ТЕРА

REKLAMA???

СЕ БАРААТ ПАРИ ОД ВЛАДАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМОТ

Локлната власт бара финансиска помош од владата за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

„Согласно изјавата на премиерот за изноаѓање на решение за помош на локалната самоуправа со справување на  проблемот со нерегистрираните кучиња скитници, Ве информирам дека проблемот со истите на територија на општина Битола е алармантен и за таа цел апелирам до вас како Совет на Општина Битола за целосна поддршка во аспект на барање на финансиска помош до Владата за реализација на започнатата постапка за изградба на прифатилиштето како и целосна поддршка во постапката за измена на законската регулатива за единиците на локалната самоуправа“,ова се наведува во иницијативата на градоначалникот Тони Коњановски поднесена до битолскиот Совет за која што денеска треба да одлучат советниците дали ќе ја поддржат или не.

„Еден од најголемите проблеми е справувањето со бедомните животни, но исто така јавноста знае дека од самиот старт на овај Совет и на оваа локална самоуправа беше поставено како приоритет на општината. Во овај момент имаме обезбедено средства во буџетот, имаме обезбедено локација, чекаме одобрение за надворешниот дел и можам да се пофалам дека сме една од ретките општини коишто сами го прават ова. Меѓутоа сите сме сведоци на една изјава од премиерот Ковачевски каде кажа дека ќе се бараат странски пари за справување на проблемот со бездомните животни па би сакале и Општина Битола да земе учество бидејќи за разлика од другите ние сами сме обезбедиле за поголемиот дел од проектот, меѓутоа следно ќе биде одржување на истиот. Сметам дека Општина Битола мора да има приоритет во владата на Македонија, бидејќи во изминатите 30 години, апсолутно никогаш не се работело на решавање на овај проблем“, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.

Во иницијативата градоначалникот наведува дека општината согледувајќи го проблемот со бездомните кучиња подолг период презема соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности и тоа: обезбедена е соодветна локација согласно правилниот за техничките услови за прифатилишта во склоп на Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, и за постоечките објекти изработи и одобри соодветна документација. Општината е во завршна фаза пред одобрување и изградба на настрешници во функција на тие објекти, а сега е во фаза на јавна набавка за реализација на проектираните градби, наведува Коњановски во иницијативата.

„Таа е иницијатива на градоначалникот на Општина Битола до Советот, по однос на изјавата која што ја даде премиерот на државата, дека проблемот со бездомните животни односно кучињата, ќе бараат решение од Брисел, односно во некоја од програмите. Општина Битола веќе има изработено основен проект за изградба на стационар, обезбедени се средства од буџетот на Општина Битола и ќе започне да се гради стационарот оваа година, тоа ќе биде прифатилиште за бездомни животни. Но понесени од иницијативата која што ја даде и премиерот дека тиа средства можат да бидат искористени од страна на некои европски фондови со цел заштеда на финансиски средства на граѓаните на Општина Битола, да не се искористуваат средствата на граѓаните за изградба на стационар, односно тие средства да останат заштедени и да останат за други инфрструктурни зафати во градот, ќе поднесеме иницијатива до владата да ги обезбеди тие средства. Уште еднаш ќе напоменам дека средствата се веќе предвидени во Буџетот на Општина Битола во развојната и годишната програма за изградба на стационар, доколку владата не излезе во пресрет, тоа ние ќе го направиме со сопствени средства, односно со средства на граѓаните. Се работи за средства во висиона од повеќе од 50 милиони денари кои ќе бидат наменети за изградба на тоа прифатилиште“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Поради неспособноста на локалната власт, помош бараме од централната, обвинија од опозицијата.

„ Ние како совет треба да изгласаме одредена одлука со која ќе побараме одредени финансиски средства, односно помош од владата да помогне во оваа ситуација се до решавање на крупниот проблем за кучињата скитници, односно до реализација на проектот стационар. Проект кој што пред нас е веќе година дена и го нема видено светлото на денот и убеден сум во тоа според кое како оваа општинска власт ги движи процесите тој и во наредната година нема да се случи, па затоа мораме поради неспособноста на оваа локална власт да ја повикаме владата да ни помогне за ваквите проблеми“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.   

Општината согласно законот имаат надлежности и грижа за кучињата скитници, но истите тешко можат да се справат со проблемот како од финансиски аспект така и во делот на капацитетот, вели Коњановски.

Понатаму во иницијативата се наведува дека општината веќе две години обезбедува средства и со јавна набавка избира оператор кој врши услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња на територија на општината согласно донесената програма за решавање на проблемот со кучињата скитници и согласно програмата за животна средина за 2022 и 2023 година.

Градоначалникот наведува дека од страна на економскиот оператор „Проветалек “ ДООЛ дека од склучувањето на договорот за набавка на услуги до 11.11.2022 извршено е заловување и ветеринарен третман на 88 бездомни кучиња.  

„Она што секојдневно го добиваме како информација од граѓаните е дека на територија на град Битола има континуиран прилив на кучиња од блиските приградски и селски региони. Исто така секојдневно добиваме телефонски повици од загрижени граѓани кои секојдневно се соочуваат со проблеми  при извршување на секојдневните активности со посебен акцент на грижата за најмладите“, наведува градоначалникот во иницијативата.

Информира дека само за 2022 година како оштета на граѓани каснати од куче, општината исплатила 2.885.115 денари.

Општина Битола е одговорна општина која ги почитува законските обврски и прави се да се справи со проблемот, а крајната цел е институционално и заеднички до го решиме проблемот на граѓаните“, се наведува во иницијативата поднесена од градоначалникот до советот.