ТЕРА

REKLAMA???

Се интервенираше кај Норово и Врбоец во Крушевско

Екипите на Јавното претпријатие „Комуна“ вчера на терен интензивно работеа на санација на поплавените делови во селата Норово и Врбоец, Крушевско.

„Се преземаат сите неопходни мерки за нормализирање на состојбата и безбедноста на граѓаните.

Воедно, ги повикуваме граѓаните навремено да нè информираат за секој проблем, со цел брза и ефикасна интервенција“-стои во информацијата на Општина Крушево.

Инаку, според надлежните, најмногу дожд  наврнал во Крушево, 55 литри на метар квадратен.