Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 105,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 107,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 100,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваа за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,661 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 ден/кг.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 105,50 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 107,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 100,00 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 50,903 (денари/килограм)












