ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА КОНЦЕРТОТ „ИМА НЕКА ТАЈНА ВЕЗА“

Во Македонската филхармонија се одржа уникатен концерт концерт со наслов „Има нека тајна веза -мејд ин Сарајево“, на која учествуваа неколку пејачи од регионот, а нив ги пратеше токму Македонската филхармонија.

Од Македонија покана да настапат како специјални гости имаа Влатко Лозаноски – Лозано и пејачката Агни Авшар. Лозано изведе три нумери, „Синоч ниси била ту“, „Једна зима са Кристином“ и песна на Дени (Код).

Концертот се одржа под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, а беше продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува  безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други.

Како вокални солисти настапија и Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар – (БиХ), Марко Кутлиќ , Роберт Чолина – (ХР).

Со безвременската „Сарајево љубави моја“, почна и заврши концертот кој цело време зборуваше за душата на Сараево, низ мелодиите и текстовите кои уникатни луѓе од овој град ги создавале токму во него.