Младите битолчани ја покажаа моќта на креативноста. Имено се одржа првото издание на манифестацијата „Креативна млада Битола“ на која учествуваа голем број на ученици и наставници од основните и средни училишта од Битола. Тие на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола се радуваа, цртаа, рецитираа, глумеа, пееа, изработуваа дела во глина, се дружеа.
На младите битолчани им се обрати, Лили Бошевски, директорката на КИЦ Битола.

Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на основните и средни битолски училишта ја потпишаа речиси пред два месеци, а кој веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.
Настанот беше составен од неколку делови и тоа: театарски дел, ликовно -уметнички дел, креативна поезија и проза, тактилно -ликовно обликување со глина, рецитаторско- дебатен дел, од идеја до реализација, еколошка креативна лабараторија, нови медиуми и сл.












