Се одржа осмиот по ред меморијален турнин „Јован Димовски-Начко 2022″ за прв пат со меѓународен фудбалски натпревар на градаскиот стадион „Петар Милошевски “во Битола.
Имено, се сретнаа ФК Враниќ од општина Барајево (Белград) , Република Србија и Здружението на фудбалери, спортски клуб „Јове Начко“ од Битола.

Летното невреме пред самиот почеток на натпреварот воопшто не го намали ентузијазмот кај двете фудбалски екипи на ветерани кои освен спортскиот дух на настанот му го додадоа и нота на пријателство меѓу двата соседни народи.
Со интонирањето на двете химни започна натпреварот. Во фер и коректна игра, ЗФСК „Начко“ извојува победа од 2:1.

Можноста за реванш се очекува како што најавуија кон крајот на август, кога ЗФСК „Начко“ ќе оствари возвратна посета во општина Барајево, Република Србија.
Настанот беше потпомогнат и од Заедницата на Срби во Битола, која срдечно ги пречека своите сонародници и заедно организираа полагање на свежо цвеќе на Српските гробишта во Битола.
Турнирот беше убава можност за дружење, забава и потсетување на делото на познатиот спортист и спортски работник Јове Начко.












